Бесплатни паркинзите во Центар за Бадник и Божиќ

Тоа значи сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на општината Центар“ ќе бидат бесплатни за граѓаните.

За време на божиќните празници на шести јануари, в понеделник, и на седми јануари, во вторник, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на општината Центар“ ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Тоа значи дека паркиралиштата во зоните: 01, 0, 1, 2, затворените паркиралишта што се наоѓаат кај: Дом на градежници, „Трготекстил“ и „Автомакедонија“ и јавните гаражи: монтажните гаражи Капиштец, Буњаковец и катната гаража кај Судска палата, се бесплатни за користење во овој период.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање договори во дирекцијата ќе продолжи на осми јануари со вообичаено работно време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот