Бесплатен превоз до лекар за постари и граѓани со попреченост од Кисела Вода

Фото Општина Кисела Вода

Повозрасните лица, лицата со попреченост или со потреба од придружник за користење здравствена, социјална или друга административна услуга кои живеат во општина Кисела Вода, ќе добијат бесплатен превоз до потребната институција. Ова го содржи договорот потпишан од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

Со повикување еден телефонски број, тие можат да добијат бесплатен превоз до потребната институција за користење здравствена, социјална или друга административна услуга. Транспортот се врши во работни денови од понеделник до петок од 8 до 16 часот и се закажува 24 часа однапред. Притоа, Општина Кисела Вода ги обезбеди финансиските средства за услугата, а Црвениот крст на користење ги става своите возила и човечките ресурси – рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Луѓето што имаат потреба од превоз, може да се јават на телефонскиот број 02/15330, во Контакт центарот на Црвениот крст, секој ден во текот на 24 часа, за да го закажат својот термин за превоз до одредена институција, по принципот на временски редослед на закажување. Со остварување еден телефонски повик, може да се закаже превоз за еден корисник, до една конкретна дестинација, и назад. Термин за превоз се закажува минимум 24 часа однапред, по принципот „прв дојден – прв услужен“. Едно лице има право на бесплатен превоз во еден правец максимум 4 пати во текот на една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот