Бесплатен паркинг за крводарителите на паркиралиштата на ЈП „Градски паркинг“ додека даруваат крв

Крводарителите при дарување крв ќе можат да ги користат бесплатно паркинзите на Клинички центар и пред болницата „Осми Септември“, како и сите други затворени паркиралишта со рампа со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“. Одлуката за давање согласност на Одлуката за дополнување на Ценовникот на услугите кои ги извршува претпријатието денеска беше едногласно прифатена од советниците на седницата на Советот на Град Скопје.

Како што истакна  директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски  со овој гест им се излегува во пресрет на барањата на крводарителите и на овие хумани граѓани им се дава општествено признание за придонесот што го даваат за здравјето на други луѓе.

Со оваа Одлука се предвидува и повластена цена за паркирање на паркиралиштето на Клинички центар за приватните специјализанти кои работат таму.

Во однос на приватните специјализанти, ЈП „Градски паркинг“ одлучи да се спроведе повластена цена за специјализантите кои се на работа и специјализација на Клинички центар и тие би плаќале по 400 денари месечно за паркирање. Тие не се разликуваат по ништо од нивните колеги, работат рамо до рамо со нив и беа главни борци во справување со ковид. Со оваа повластена цена би се изедначиле со сите други кои плаќаат ваква цена – рече Христовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот