Бесплатен онлајн курс „Почнување бизнис и социјално претприемништво”

Фондацијата Претприемачки сервис за млади (ПСМ) креира бесплатен онлајн курс „Почнување бизнис и социјално претприемништво”, наменет за сите млади кои имаат желба да почнат сопствен (социјален) бизнис.

Програмата нуди девет модули: Претприемништво, Социјално претприемништво, Бизнис идеја, Визија, Лидерство и менаџмент, Бизнис план, Брендирање, Менаџмент на човечки ресурси и Процес на работа. Содржините вклучуваат теоретски и практичен дел и се обработени преку видеа кои овозможуваат систематско запознавање со темите. Секоја целина нуди и практична имплементација преку вежби, задачи или корисни ресурси.

-Овој онлајн курс претставува креирање долгорочен извор на информации за почнување бизнис кој ќе биде поддршка за младите луѓе и идните претприемачи како трансфер на знаење и градење на нивните капацитети со цел нивните идеи да ги претворат во бизниси, наведуваат од Фондацијата.

Курсот е достапен на едукативната платформа pretpriemacedu.mk, а за да го следат, заинтересираните слушатели треба да се регистрираат на следниот линк.

Онлајн курсот се реализира во рамки на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво”, поддржан од Амбасадата на САД, а имплементиран од ПСМ Фондација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот