Беснеат пожари низ Албанија, спречен пожар кој и се заканувал на воената база Пашалиман

Фото: EPA/MALTON DIBRA

Последните денови Албанија е зафатена со пожари, кои се проширија речиси на целата нејзина територија.

Министерот за одбрана, Нико Пелеши реагираше во врска со актуелната ситуација со бројните пожари во земјата, кои, како што изјави, ги има од југ до север.

Тој вели дека структурите на цивилната одбрана се соочуваат со голем број, меѓу кои пет големи пожари, каде најкритични остануваат оние на Карабурун и Курбин, во чие гаснење се вклучени се и авиони, како и припадници на армијата.

Пелеши, кој денеска беше во Валона, со цел од блиску да ја следи ситуација, рече дека пламените јазици биле закана и за воената база Пашалиман.

„Пламените јазици и се закануваа и на воената база во Пашалиман. Ние би ја бранеле базата по секоја цена, но сакам да им се заблагодарам на сите што помогнаа да се избегне тоа. Единственото сериозно активно жариште е во Карабурун. Концентрирани сме со воздушни и копнени средства“ рече министерот Пелеши. Додаде дека во гаснење на пожарот во Карабурун се ангажирани и 200 припадници на армијата.

Неколку пожари беснеат и во подрачјето на Фиер каде се опожарени над 70 хектари шума а во Саранда десетици хектари ситно стеблеста шума и маслинови насади. Пожарот во одморалштето Ксамил брзо беше локализирано и според властите била зафатена површина од еден хектар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот