Беснеат пожари на ГРЧКИОТ ОСТРОВ, населението се евакуира

greece.greekreporter.com

На грчкиот остров Евија синоќа избувнале неколку пожари, а пожарникарите сè уште се обидуваат да ги изгаснат.

Пожарите избувнале на три локации, во Ким, Пиргра и Агиос Георгиос, а од раните утрински часови во гаснењето на пожарите учествуваат и авиони, пренесува грчкиот портал Катимерини.

Според наведеното, иако огнот не ги загрозува станбените зони, пожарникарската служба наредила евакуација на населбите Гавалас, Дафни, Неохори и Лофискос како превентивна мерка.

Катимерини пишува дека 64-годишен маж кој бил уапсен вчера е осомничен дека го предизвикал пожарот поради невнимание, а денес ќе биде изведен пред обвинител во Халкида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот