Бесна велешанка ги натепала свекрвата, сопругот и синот, потоа и полицаецот кој дошол да ја апси

Вистинска семејна драма се случила вчеравечер во Велес, кога жена нападнала тројца членови на нејзиното семејство – свекрвата, сопругот и синот, семејството, а при интервенција и еден полицаец.

@На 22 ноември во 19.35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода В.З.(40 год) од Велес. Таа, по кратка расправија, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот. При интервенција на полициските службеници, В.З. физички нападнала и еден од полициските службеници“, информираат од СВР Велес за „Прес24“.

По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следи соодветна пријава.

Видео на денот