Бескомпромисно назадување

Фото: Слободен печат

Не знам дали во некоја друга земја политичките елити толку посветено работат на уништување на сето тоа што во една држава е вредно како во Македонија?

Поминаа 28 години од прогласувањето на независноста, во кои гледаме континуирано назадување на сите полиња. Во овој период доживеавме војна, која потоа се погрижија да ни ја избришат од меморијата. Имавме и режим и револуција, а потоа ново големо разочарување.

Од октоподот на Бранко до рекетот на Боки, од криминалот на Груевски до предавството на Катица.

Европската агенда се чинеше едно време како единствената светла точка, но се сеќаваме сите дека од притвор мораше да биде пуштен Крсто Муковски за да гласа за договорот со Грција. Таа срамота во еден момент дебело ќе ја наплатиме.

Македонија е земја во која мафијата никогаш не доби вистинска шанса, бидејќи политичарите не поднесуваат конкуренција. Така е 28 години, во кои растат само нивните плати и само нивните бенефиции. Повеќе нема лекари и медицински сестри, армијата е сведена на невладина организација, а полицијата по правило е партиски орган. Образованието е нула.

28 години поминати во празни ветувања и системска грижа истите да не се исполнат. Политичките партии имаат толку многу злодела во своите досиеја, што комотно можат да се прогласат за терористички организации.

Се плашам дека апатијата е толку голема кај народот, па доколку едно утро забележиме туѓо знаме на нашиот Парламент, буквално никој нема да покаже ама баш никаква емоција.

Нека ти е среќен денот на независноста земјо моја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот