Бесими: Владата останува на проекциите за раст на БДП и инфлацијата предвиени во ребалансот на Буџетот

Владата останува на проекциите за инфлацијата и растот на БДП предвидени во ребалансот на Буџетот, кој е усвоен од страна на Владата и за кој треба да се расправа во Собранието.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека во однос на пресметките за инфлацијата остануваат на проекциите што се дадени во ребалансот.

-Тоа се раст од 4,1 отсто за БДП и инфлација од 2,1 отсто и што пред сè се должи на раст на очекувањата на инфлацијата во втората половина од годината, која потоа се очекува да се намали и тоа главно се однесува на цените на дериватите на светско ниво, транспротните трошоци и прехранбените производи. Тоа е во рамки на проекциите и тие се ставени во предлог ребалансот на буџетот и остануваме на тие проекции, истакна министерот Бесими одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот со ЕИБ за кредiтна линија од 100 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот