Бесими – Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии

Поддршка за реформите за зајаканување на управувањето со јавните финансии преку проекти за подобрување со управувањето со јавниот долг, како и од областа на финансиските статистики, беа дискутирани на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада. 

На средбата, министерот за финансии ја запозна амбасадорката со концептот на СМАРТ финансии, во насока на зајакнување на планирањето, како и следењето на реализацијата на мерките кои се преземаат и нивниот импакт врз економијата и општеството. Министерот ги претстави и реформите кои се прават од аспект на буџетот и неговото извршување, како и Интегрираниот систем на управувањето со финансиите – ИФМИС.

На средбата стана збор и за изменувањето на Спогодбата за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал со Швајцарија со Протокол, согласно правилата на ОЕЦД, во насока на зајакнување на одредбите од постојната спогодба, фер даночен третман и поголема даночна транспарентност.

Министерот и амбасадорката дискутираа и за досегашната соработка помеѓу двете земји на економски план, како и искуствата за справување со последиците предизвикани од пандемијата Covid-19. Министерот за финансии посочи дека очекувањата за нашата економија за годинава се стабилизација и закрепнување. Преземените антикризни мерки и мерките кои допрва ќе се преземаат ќе придонесат за тоа, а се очекува и со слабеењето на кризата, довербата на инвеститорите да расте, како и забрзување на економската активност во целина.

Швајцарија е наш партнер за реформските процеси во земјава во областите на транспорт, животна средина, економски развој и демократско управување преку голем број на проекти кои се реализираат и кои допрва ќе се реализираат во земјава. Беше изразена подготвеност за поддршка на нови проекти кои ќе придонесат за подобрувањето на стандардот и демократско владеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот