Бесими на средба со регионалната директорка на ЕБОР, Харгитаи: Фокус на комплетирање на инфраструктурата на Коридорот 8 и Коридорот 10

Фото: facebook

Заокружување на патната и на железничката инфраструктура на Коридорот 8 и Коридорот 10, изградба на магистрални гасоводи и инвестиции во системи за управување со цврст отпад, се клучните приоритети што ќе се реализираат со финансиска поддршка на ЕБОР. Ова, како што соопшти Министерството за финансии, е истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и регионалниот директор на банката за Западен Балкан, Жужана Хaргитаи.

– Потребни се проекти што ќе го придвижат економскиот раст. Со изградбата на автопатот Скопје – Блаце и автопатската делница Кичево – Гостивар, ќе се заокружи патниот Коридор VIII и патниот Коридор XМеѓу идните проекти финансирани од ЕБОР се и рехабилитацијата на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII како и реконструкција на железничката линија Скопје – Кичево, а во енергетскиот дел се магистралните гасоводи делницата Гостивар – Кичево и делницата Свети Николе – Велес, како и интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Косово. Овие проекти се приоритетни и мора да се реализираат, истакна министерот Бесими.

Директорката Хaргитаи рече дека мора да има приоритет на проектите и оти тие мора да се спроведат брзо. Таа нагласи дека е важно да се реализираат започнатите инвестиции во патната, во железничката и во енергетската инфраструктура, да се направат приоритети на нови инфраструктурни проекти и приватниот сектор да се вклучи во инфраструктурниот развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот