6 C
Скопје

Бесими: До крајот на март првичниот драфт на Царинскиот тарифник, а идната недела драфтот за даночниот календар

До крајот на март треба да излезе првичниот драфт на Царинскиот тарифник со одредени усогласувања на царинските стапки како што барааа компаниите, а драфтот за даночниот календар може да се очекува следната недела, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими на работната средба во Стопанската комора на Македонија.

Бесими нагласи дека земјава ќе треба да ги има во целост усогласено царинските стапки со оние на ЕУ кога ќе стане нејзина членка, но сепак ќе гледа и сега, во соработка со коморите, да дизјанира најсоодветен пакет.

-На 17 ноември на владина седница се формира работна група која е во постојана комуникација и со членки на коморите. Според динамиката, би требало до крај на март или евентуално една до две недели подоцна да има првичен драфт. Одиме со усогласување на номенклатурата, но и со тоа што беше барање на одредени инвеститори во однос на усогласување на царинските стапки. Имаме некои царински стапки кои се пониски или повисоки од оние во ЕУ. Ќе гледаме, во смисла на зголемување на конкурентноста, да ги усогласиме, напомена Бесими.

Прочитајте и...  АСОМ: Ако треба и ќе протестираме против измените на Законот за игри на среќа и за забавни игри

За драфтот за даночниот каледнар потсети дека е веќе споделен со стопанските комори.

-Ако се усогласи, веќе наредната недела може да го има објавено на веб страницата, истакна министерот.

На работната средба се дискутираа повеќе прашања битни за стопанството.

Како што потенцира претседателот на Комората, Бранко Азески, во моментов се клучни промената на Царинскиот законик, парафискалните давачки и прашањето за холдингот кои десетина години беа табуа.

-Ние мандатот на оваа Влада го почнавме со лош резултат за нас и ние на секоја средба со Бесими го гледаме тој резултат. Од поднесените барања 50 отсто беа одбиени, а 10 отсто беа прифатени, но имаше појадок како утешна награда. Сега, на последната средба, немаше појадок, имаше дамо кисела вода, но барањата во однос на прифаќањето се 50:50, рече Азески.

Прочитајте и...  МНР: Акцискиот план ќе се доусогласи со новата бугарска Влада

Претходно, пред почетокот на дискусијата, вицепремиерот Фатмир Битиќи нагласи дека Владата продолжува со своето транспарентно работење и отворање на сите прашања, независно колку се „болни” и тешки, а коморите ги гледа како нејзини партнери и како чинители во креирањето на политиките.

-Само со ваков пристап, преку партнерски односи и дијалог, можеме да постигнеме предвидливо деловно опкружување. Најважно е дека не постои табу, нема теми кои не можат да се отворат независно дали тоа бара еден, два, пет дена или илјадници состаноци. Мора да се седне, да се разговара за се и да се најдат решенија. Ги отворамае прашањата кои можеби повеќе од 10 години не беа отворени. Власта е отвроена за сите прашања, а Министерството за финансии брзо реагира и носи законски решенија, подвлече Битиќи.

Прочитајте и...  Денеска се празнува Свети Никита Исповедник

Поврзани вести

Псаки: Администрацијата на Бајден засилено спроведува активности за спречување на оруженото насилство

Слободен печат

Бремените жени во Велика Британија ги советуваат да се вакцинираат со вакцините на „Фајзер“ или „Модерна“

Слободен печат

Земјотрес од 4.2 степени регистриран во Јадранско море

Слободен печат

Ивановска: Генералниот секретаријат и за нас набави клими, но имаше дузина барања за тоа

Слободен печат

Советодавниот одбор на ЦДЦ на 23 април ќе одлучува дали да ја продолжи паузата за вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Слободен печат

Тасева: Владата требаше да го разреши Рашковски, а не да чека да си поднесе оставка

Слободен печат

Остави Коментар