Беше значаен дел од златната ера на македонската народна музика: На денешен ден пред 4 години почина Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше познат македонски пејач и значаен дел од златната ера на македонската народна музика.

Дончев има создадено голем број на песни кои се слушаат и денес: „О доме мој“, „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате пак те видов“, како и дуетот со Петранка Костадинова – „Македонија името не го менува“ се само дел од хитовите создадени во неговата тридецениска кариера.

Ѓоко е добитник на голем број на награди и признанија. Ги има добиено наградите за животно дело на Фолк Фест Роса во 2014 година, Гоце Фест во 2020 година и постхумно му е доделена наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово во 2023 година

Дончев, кој важи за еден од доајените на македонската народна музика, почина на денешен ден во 2021 година на 72 годишна возраст.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот