Беше пред ривалот, застана и го пушти да ја освои бронзата! (ВИДЕО)

фото: твитер

Некои спортски потези ќе бидат запаметени засекогаш поради вештините, а некои – поради однесувањето. Човештвото не доаѓа до израз толку често кога станува збор за тешки спортски натпреварувања, но постојат исклучоци кои можат да го маѓепсаат целиот свет.

Таков случај се случи за време на триатлон натпреварувањето во Сантандер, кога третопласираниот Британец Џејмс Тигл ја промаши целта на 20 метри пред самиот финиш.

Шпанецот Диего Ментрига, кој тогаш го престигна – виде што се случи и реши да го направи она што малкумина би го направиле. Одлучи да застане пред целта и да го сочека ривалот, за да му дозволи да ја освои третата позиција.

– Кога видов што му се случи, несвесно застанав. Тој го заслужи третото место – рече Шпанецот Ментрига.

Неговиот потег воодушеви многумина, и оние од светот на триатлонот и другите спортисти, вклучувајќи го и славниот фудбалски голман Икер Касиљас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот