Беше позитивен на Ковид-19, па се самоуби клупскиот лекар на Ремс!

фото: твитер

Претседателот на фудбалскиот прволигаш од Франција, Каијо не може да ја скрие тагата, сите се шокирани во клубот.

Уште една тажна вест од светот на спортот ни доаѓа поради коронавирусот.

Француските медиуми вечерва пренесуваат дека 60-годишниот лекар, Бернар Гонзалез на фудбалскиот прволигаш Ремс денеска во попладневните часови се самоуби.

За него се знаеше само дека е позитивен на Ковид-19 и дека со својата сопруга беше во изолација.

Воедно оставил и проштално писмо во кое го објаснува своето дело, а изјава по повод целата ситуација имаше и градоначалникот на градот Ремс, Арно Робине кој го познаваше клупскиот лекар.

– Тој беше одличен клупски лекар. Одличен професионалист, признат и прифатен од сите страни – рече Робине, инаку голем пријател на Гонзалез.

Гонзалез во Ремс беше повеќе од 20 години и важеше за една од клучните делови на таа екипа.

 

Претседателот на клубот, Жан-Пјер Каијо, едноставно не можеше да ја скрие тагата:

– Останав без зборови, едноставно сум шокиран – рече Каијо.

До прекинот на сезоната во француската „Лига 1“, екипата на Ремс се наоѓаше на петтото место во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот