Беше на листата на најзгодни актерки на сите времиња, а потоа сама призна дека ја уништиле операциите! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Актерката Мелани Грифит (62) не ја исплаши пандемијата на коронавирусот и големиот број на заразени во Америка, па во неделата беше видена како шета во Лос Анџелес како ништо да не се случува.

Иако претходно на фановите им порачуваше да останат дома и да бидат на сигурно, се чини дека актерката не го послуша својот совет. Непрепознатливата Мелани се прошета низ градот во спортско издание и мобилниот телефон во раката.

Актерката и пред пандемијата редовно одеше на прошетка за да остане во форма. Но, додека Мелани добива пофалби за нејзината витка линија, фановите негодуваат поради нејзиното лице за кое велат дека го уништила.

Имено, актерката претерала со пластичните операции, а според пишувањата на американските медиуми, токму тоа го уништо нејзиниот 19 годишен брак со Антонио Бандерас (59).

Актерот и се заканил дека ќе се разведат ако не престане со тоа, но таа  ги игнонирала неговите закани. Грифит во 2018 година за првпат прозборе за операциите.

– Не можев да сфатам на што личам додека луѓето не започнаа да ми говорат: „О, мој Боже, што си направила“? Тоа толку ме повреди, па отидов кај друг доктор и започнав да го решавам целото сра*е кое ми го направи една докторка. За среќа, сега изгледа понормално – рекла актерката.

Инаку, актерката на 17 години одигра неколку разголени сцени во филмовите „Smile“ и „The Drowning Pool“, поради која ја нарекоа тинејџерска секси сирена.

;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот