Беше на чекор од Милан, ја купи Фиорентина! - Слободен печат
СпортФудбал

Беше на чекор од Милан, ја купи Фиорентина!

Њујорк Тајмс потврди, италијанскиот фудбалски клуб Фиорентина има нов сопственик. Доаѓаат ли подобри денови за калчолигашот?

Прифатена е понудата од 135 милиони евра, па нов газда се очекува да биде Роко Комисо, Американец со италијанско потекло.

Истиот избор пренесува дека понудата била прифатена од досегашните сопственици, браќата Андреа и Диего Дела Веле, информација која не е ниту потврдена, ниту демантирана.

Како италијански емигрант кој во САД дошол на 12 годишна возраст, Комисо го води познатиот њујоршки клуб Космос, кого во 2017 година се обиде да го купи Милан од Кинезите.

Фиорентина е во сопственост на семејството Дела Веле кое е најзаслужно што клубот се врати во италијанската елита по банкротот од 2002 година.

Постојаните несогласувања на браќата Дела Веле со навивачите кои бараат повеќе инвестиции и непродавање на најголемите клупски ѕвезди се една од причините за продажбата на клубот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close