Беше голем талент, а сега работи како келнер (ВИДЕО)

Уругваецот Дарио Силва, поранешниот фудбалер на Еспањол, Малага и на Севиља во 2006 година, возејќи во алкохолизирана состојба, удри во бетонски заштитен столб и ја загуби десната нога. Тој сфати што му се случило дури откако видел сè на телевизија од болничкиот кревет. Тогаш за последен пат заплакал и само три минуди подоцна, одлучил дека нема потреба да се сожалува.

Првиот обид по операцијата, му беше одгледување на коњи за трки, потоа се префрли на веслање и притоа се обиде да се обезбеди пласман на Олимписките игри во Лондон 2012 година.
Подоцна се кандидира за градоначалник на уругвајскиот град Роча но и таа авантура заврши без успех.
Потоа се врати во Шпанија и се вработи како келнер во пицерија бидејќи менаџерите му ги украдоа сите пари кои ги заработи додека играше фудбал.

Фудбалските фанови на Силва се сеќаваат по одличните игри во дресот на Малага каде со Дели Валдес го сочинуваше напаѓачкиот тандем. Подоцна премина во севиља и по две години побара трансфер. Последен клуб за кој играше беше Портсмут, за репрезентацијата на Уругвај постигна 14 голови на 49 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот