Беше голем како фудбалер, а уште поголем како човек: Дејвид Бекам изненади старец болен од карцином! (ВИДЕО)

профимедиа

Дејвид Робертс (70) бил изненаден кога го видел славниот фудбалер Дејвид Бекам во својата градина во понеделникот по католичкиот Велигден со торба полна со продукти.

Тој откри дека му најавиле дека славна личност ќе го посети, но рече дека не очекува тоа да биде легендарна фудбалска sвезда како Бекам.

Посетата всушност била дел од добротворната кампања организирана од „Ејџ Велика Британија“, фондацијата оформена да им помогне на пензионерите.

– Дејвид пристигна навреме. Сè што можев да помислам и да му кажам беше: Здраво, како си?”, Робертс изјави за „Оксфорд Мејл“.

„Тој е добар човек. Разговаравме за тоа што ќе се случи со фудбалските сезони на Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Тој ми даде торба со средства за домаќинството”, додаде тој.

Дејвид Робертс се бори со рак веќе три години. Живее во Абингдон со својата сопруга и возрасниот син и признава дека и тие заслужуваат посебна посета затоа што многу му помогнале за време на неговата битка со болеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот