Беса: Владата по цел ден зборува против Русија, а рекламира руски фискален купон

Партијата Беса денеска во соопштение вели дека „со голема загриженост го следела скандалот со промотивното видео на Владата на РСМ, каде на годишната конференција „Година на нови можности” се прикажува руски фискален купон“.

„Со ова, оваа Влада отворено докажува дека оваа година ќе биде година на промовирање не само на руските фискални купони, туку и на руската политика. Во промотивното видео, најлошото е што тоа го одобрија оние кои цело време трубат за европска коалиција, а од друга страна се чини дека не можат да се ослободат од рускиот феномен, секако поради врски и бизниси кои имаат структури на државата. Цело време, Европската унија искажуваше загриженост за руското влијание во Северна Македонија, но тоа, како и секогаш, не беше сфатено сериозно од Владата“, пишува во соопштението од Беса.

„Затоа, ние како политички субјект предупредуваме дека земјата не се движи во добра насока кон ЕУ, туку овој пат остана само популистичка реторика. Министрите Албанци во Владата да излезат јавно да се објаснат пред јавноста и да се извинат за неоснованите обвинувања кон други политички субјекти. Бараме меѓународниот фактор да побара одговорност од Владата за овој скандал бидејќи Северна Македонија се изјасни дека ќе спроведе санкции против Русија, но всушност се случува спротивното“; велат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот