„Беса транс“: Жртвите од несреќата не биле во ниту еден од автобусите што се појавуваат на видеата од хотелот

Фото: Скриншот

Туристичката агенција „Беса транс“ чијшто автобус вчера изгоре во страшната сообраќајна несреќа во Бугарија во која 45 лица го загубија животот, демантира дека на снимките од хотелот кои се појавија во медиумите, се гледа автобусот во кој се качиле жртвите. 

„Изразуваме сочувство до сите роднини на загинатите во трагичната несреќа што се случи вчера во раните утрински часови, на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Немаме зборови и не верувавме дека и во овие случаи дезинформаците ќе бидат медиумска цел. Како резултат на дистрибуција на некои видеа од хотел во кој престојувале дел од нашите патници, автобусите што се појавуваат на тие видеа, во никој од нив не биле жртвите од трагичната несреќа“ пишуваат од „Беса транс“.

Од „Беса транс“ посочуваат дека медиумите прво треба да ја потврдат веста и потоа да ја дистрибуираат, а не да го искористуваат трагичниот случај.

„Немајќи официјална информација, не презедовме никакви чекори за информирање на јавноста“ велат од агенцијата.

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот