БЕСА: Функционери на ДУИ вршат притисок врз гласачите

Движење БЕСА/Фото: Архива на Слободен печат

Движењето БЕСА соопшти дека имаат сознанија оти некои функционери на ДУИ почнале да вршат притисок врз гласачите.

– Некои функционери на ДУИ вршат притисок и им се закануваат на гласачите со веќе познатата фраза во овие 18 години: „ќе видите по изборите”. Апелираме до вработените во администрацијата, наставниците, професорите, лекарите, невладините организации, сите други на кои може да им се закани ДУИ, воопшто не се плашат затоа што ДУИ ја изгуби силата, а ќе ја изгуби и власта по 15 јули. Помина времето кога можеа да им се упатуваат закани на интелектуалци и професионалци. Даваме гаранции дека со следната влада секој ќе се чувствува безбедно на своето работно место, велат од Движењето БЕСА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот