Беса: Декретот на Бајден води кон зачувување на либералните вредности

Движење Беса
Движење Беса / Фото: Архива на „Слободен печат“

Декретот на претседателот на САД, Џозеф Бајден, води кон развој на демократијата и зачувување на либералните вредности на општеството, сметаат од движењето БЕСА на Билал Касами.

-Движењето БЕСА континуирано ги усогласува своите политики со стратешките партнери – САД и ЕУ. Во ниту еден момент не се сомневаме дека американската политика предводена од претседателот Џозеф Бајден е насочена кон развој на демократијата и зачувување на либералните вредности. Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Охридскиот договор се основа на стабилноста и предуслов за напредокот и просперитетот на РСМ кон нејзините евроатлантски стратешки цели. Движењето БЕСА силно го поддржува указот на американскиот претседател Џозеф Бајден – велат за Слободен печат од БЕСА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот