БЕСА бара предвремени парламентарни избори

Движењето БЕСА ќе го одржи вториот конгрес на 5-ти март годинава/ Фото: МИА

За жал, и денес од Берлин не ја добивме посакуваната вест за отпочнување на преговори за членство во Европска Унија.

Верувајќи во европската демократија и европските вредности, очекуваме дека земјите членки ќе успеат да изнајдат заеднички јазик за интегрирање на Северна Македонија во европското семејство како од највитален интерес за граѓаните на нашата држава.

Северна Македонија треба да добие датум за преговори не заради неуспехот на владата да ги аплицира очекуваните реформи, но заради убедувањето и определбата на сите граѓани на Северна Македонија.

Бидејќи денес не успеа да се одржи ветувањето за отпочнување на преговорите овој месец, како и не се дадени гаранции дека датум може воопшто да се добие во текот на ова тековна година, затоа го охрабруваме премиерот да го одржи ветувањето и одма да распише предвремени парламентарни избори, после кои сигурно ќе дојде една политичка елита што ќе обезбеди сигурна европска иднина и интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија, се вели во соопштението на БЕСА..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот