Беса бара предвремени избори: Според Касами, Владата го загубила легитимитетот

Билал Касами
Биљал Касами / Фото: МИА

Во 2022 година Движењето Беса ќе ги интензивира активностите кои би довеле до предвремени избори, порача денес од Тетово, претседателот на партијата Биљал Касами на последниот брифинг со новинарите при што се зборуваше за актуелните политички случувања. Тој смета дека основа за предвремени избори е изгубениот легитимитет на Владата по локалните избори и недемократските постапки во изминатата година.

-Владата го има изгубено легитимитетот и самиот поранешен премиер го кажа тоа поради одлуките на владината коалиција. Ние не можевме да го дозволиме постојаниот притисок во Владата и затоа одлучивме да ја напуштиме. Не ја примија нашата порака и продолжија со недемократски мерки за да останат на власт. Тоа што беше иницијатива за да се руши оваа Влада, ситуацијата со пратеникот беше дополнителен доказ дека нема што да бараме во оваа владина коалиција. Не знам дали некаде се има случено да кога еден пратеник има потпишано за отповикување на оваа Влада за недоверба, 24 часа да не биде достапен. Ако тоа може да му се случи на пратеник кој има имунитет, замислете што може да му се случи на секој од нас обичните граѓани, истакна Касами.

Според него случката со пратеникот е доказ дека сегашните владини партнери по секоја цена сакаат да имаат власт.

-Го информиравме целиот меѓународен фактор и тоа е доказ дека што побрзо треба да има предвремени избори. Она што се најде во Општина Тетово е дополнителен доказ дека ДУИ што побрзо да биде тргната од власта затоа што за осум години за два мандати таа штета што е нанесена на Тетово и на граѓаните на Тетово е огромна. Само може да замислиме колку е таа штета нанесена на државата и на граѓаните од страна на ДУИ во овие 20 години на власт. Тоа ќе може да го увидиме само во моменто кога ДУИ нема да биде на власт. Кога е дел од власта таа се штити и немаме можност тоа да го докажеме како што имавме за општина Тетово, истакна Касами.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот