Бертомеу после 22 години си заминува од Евролигата

Бертомеу ќе ја напушти функцијата извршен директор на Евролигата/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Жорди Бертомеу повеќе нема да биде прв човек на Евролигата, бидејќи клубовите-акционери му изгласаа недоверба.

На 30 јуни 2022 година, по 22 години, Бертомеу ќе ја напушти функцијата извршен директор на Евролигата , односно прв човек, одлучија акционерите.

На состанокот на 11 клубови, кој е сопственик на најважното кошаркарско клупско натпреварување, гласаа со 6-5 за смена на шпанскиот оперативец.

Односно, мандатот на Бертомеу истекува во јуни следната година, што значи и крај на една ера од Евролигата, па затоа не беше изгласан за продолжување на мандатот.

Според колегите добро запознаени со кошаркарските случувања, Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби, Ефес, Армани Милано и ЦСКА Москва гласале за негова смена, односно да не остане на чело на Евролигата.

Претходно Реал, Барселона и Басконија изјавија дека ќе останат со шпанскиот адвокат, додека Алба и Баерн (како последни носители на лиценца) немаа право да одлучуваат на ова ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот