Беровец измислил дека е киднапиран и изнудил 10.000 евра од татка си, полицијата го привела

Фото: МИА

Беровец измислил дека е киднапиран и изнудил 10.000 евра од татка си, кој платил откуп за својот син мислејќи дека ја плаќа неговата слобода или живот. Полицијата го упасила и ќе му поднесе пријава за делото изнуда, кое самиот го признал.

– На 15.01.2021 година полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово го лишија од слобода М.П.(29) од селото Будинарци, Беровско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“. Тој во текот на вчерашниот ден самоволно измислил и фингирал сопствено наводно грабнување, за кое изјавил дека го сторил од финансиски причини – соопшти МВР.

Според соопштението, таткото Д.П.(57) вчера околу 18.00 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово пријавил дека добил смс-порака од телефонот на неговиот син, со која му се барале 10.000 евра за да биде пуштен неговиот син. Порака со слична содржина на апликацијата „месинџер” добила и неговата снаа М.П. Полицијата превзела мерки во координација со Јавен обвинител, а на разговор биле повикани Љ.П., брат на пријавениот и М.П., сопруга на пријавениот, чиј мобилен телефон со потврда бил привремено одземен.

– Малку подоцна Д.П. пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, М.П. се вратил дома, по што и тој бил повикан на разговор во просториите на ОВР Берово, при што го признал делото, а предметните парични средства биле пронајдени и вратени на неговиот татко. По целосно комплетирање и документирање на настанот до Основното јавно обвинителство Кочани ќе биде изготвен и доставен поднесок по член 258 од Кривичниот законик за „изнуда” – велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот