Казни за сопственици на угостителски објекти во Берово за точење алкохол на малолетници

Фото: Unsplash/Michael Discenza

Во полициска контрола во содејство со вработени во Државен пазарен инспекторат, во Берово е утврдено присуство на три малолетни лица по полноќ, додека двајца сопственици на угостителски објекти не го почитувале работното време.

„Во контролата која е спроведена на територијата на Општина Берово, од слобода е лишен 24 годишниот (П.К) од Берово за точење алкохол на малолетни лица“, се вели во денешната информација од беровската полиција.

Беровецот се товари по член 204 од кривичниот законик.

Во полициското соопштение се додава дека по документирањето на случаите, против прекршителите се најавени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот