Беровчанец на празник пукал во куче со воздушна пушка, доби кривична пријава за мачење животни

Воздушна пушка / Фото: архива / илустрација

Жител на Берово доби кривична пријава откако на 11 октомври пукал од воздушна пушка во куче чиј сопственик е друг жител на градот, соопшти полицијата.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ш.(37) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“. На 11.10.2024, пријавениот со воздушна пушка пукал во куче сопственост на Д.К.“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот