Берни Сандерс предлага данок со кој Безос, Закерберг и Маск би требале да платат милијарди долари

берни сандерс
Берни Сандерс / Фото: Архива на Слободен печат

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори Ед Марли и Кирстен Гиллибранд предлага Закон за оданочување на милијардерите.

Според законот милијардерите ќе мораат да ги предадат милијардите долари кои ги заработиле за време на пандемијата на коронавирусот

Сандерс на Твитер објави дека смета дека веќе не смее да се дозволи тројцата најбогати луѓе во САД да имаат повеќе пари од најсиромашните 50 проценти луѓе, во време кога над 30 милиони Американци губат работни места и кога 91 милион луѓе се или без здравствено осигурување или со минимално осигурување.

Законот е наречен: „Да ги натераме милијардерите да платат“

Предлог законот, наречен „ Да ги натераме милијардерите да платат“, би им наметнал еднократен данок од 60 отсто на заработката, која ја оствариле од 18 март 2020 до 1 јануари 2021 година.

Со средствата би се покриле трошоците за сите Американци во период од една година. Со денешниот датум, со тој данок би се собрале 731 милијарда долари за државата.

Ако помине законот би им оданочил се шпто стекнале и што ќе стекнат до крајот на годината.

Најмногу би биле погодени деловните гиганти чие богатство значајно се зголеми за време на пандемијата, а Си-Ен-Би-Си како пример ги наведува „Волмарт“ и „Амазон“, со оглед дека нивните акции значајно пораснале бидејќи Американците се потпирале на нивните услуги за време на пандемијата и останувањето дома.

Тоа сепак допринесе до натрупување милијарди долари за најголемите акции на овие компании, на Џеф Безос од „Амазон“ и семејството Волтон на компанијата „Волмарт“.

Колку би ги чинел овој закон?

Си-Ен-Би-Си објави и колку милијардерите би морале да платат за заработката од 18 март до 5 август.

– Џеф Безос од Амазон би платил еднократен данок во износ од 42,8 милијарди долари.

– Елон Маск од Тесла би платил 27,5 милијарди долари.

– Марк Закерберг од Фејсбук би платил 22,8 милијарди долари.

– Фамилијата Валтон, основачите на Волмарт, би платила 12,9 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот