Берни Сандерс и Прамила Џајапал поднесуваат законски проект за бесплатно високо образование

epa09097113 Senate Budget Committee Chairman Bernie Sanders attends the Senate Budget Committee hearing entitled, 'Ending a Rigged Tax Code - The Need To Make the Wealthiest People and Largest Corporations Pay their Fair Share of Taxes', on Capitol Hill in Washington, DC, USA, 25 March 2021. EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, и конгресменката од Вашингтон, Прамила Џајапал, денеска во Конгресот поднесуваат нацрт закон за бесплатно високо образование во САД. 

Парите за ова ќе дојдат од оданочување на трансакциите на Волстрит. 

Законскиот проект предвидува укинување на секакви трошоци за школување на државните универзитети за оние студенти кои доаѓаат од семејства со годишен доход до 125.000 долари, додека општинските колеџи треба да бидат бесплатни за сите. 

-Претседателот Бајден треба веднаш да ги укине долговите за студентски кредит а Конгресот треба да направи работничките семејства никогаш повеќе да не земаат вакви неповолни заеми за високо образование, кои не требале воопшто да ги земаат, изјави Џајапал. 

Бесплатното високо образование е барање на прогресивното крило на Демократската партија и се бара тоа да биде внесено во големиот инфраструтурен план на Бајден за обнова на американската економија.   

Иако постои општо разбирање меѓу демократите колеџот во САД да биде лесно достапен, но засега се нема постигнато некаков солиден договор како да се направи тоа и од каде да се најдат парите.  

Проектот дава насоки за оданочување на општите транскации на Волстрит како тргување со акции, бондови и деривативи со што може да се соберат 2.4 трилиони долари за 10 години. Исто така се предвидува и проширување на државните грантови за високо образование. 

-Апсолутно неприфатливо е стотици илјади паметни Американци годишно да не добиваат високо образование, не затоа што се неквалификувани, а затоа што нивните семејства немаат доволно пари, изјави Сандерс.

Видео на денот