Бернардо Силва: Победија над Германија и Италија, тоа кажува многу за Македонците

Бернардо Силва ја почитува македонската фудбалска репрезентација/Порто, Португалија/27 март 2022/Фото: EPA-EFE/MANUEL FERNANDO ARAUJO

Фудбалерот за врска во нападот Бернардо Силва е само една од големиот број на ѕвезди во редовите на португалската репрезентација.

Играчот на Манчестер сити (27) ја почитува Македонија и вели дека ќе биде тешко во вторник (29 март) кога ќе се игра финалето на стадионот „Драгао“ во Порто со почеток од 20.45 часот.

– Македонија како гостин победи на четири од нејзините пет последни средби во квалификациите за СП. На две од нив против гиганти како Германија и Италија, и тоа кажува многу.

Тие се агресивен тим, ќе нè притиснат и ќе дојдат со голема самодоверба. Но, притисокот кај нас секогаш постоеше затоа што не се работи за ривалот, туку за пласман на Светското првенство. Мораме да бидеме во Катар и не смееме да ги изневериме нашите навивачи.

Добро јадете, спиете добро и останувате фокусирани. Нашиот тим е полн со искусни играчи кои се навикнати да играат решавачки натпревари за најголемите клубови во Европа. Ги знаеме ваквите мечеви, мораме да работиме напорно и да останеме фокусирани на нашата цел, а тоа е да одиме во Катар – вели Силва кој досега сезонава во Премиер лигата за „граѓаните“ запиша седум голови во 28 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот