Бернардиќ поднесе оставка од лидерската позиција во СДП

Фото: EPA-EFE/DANIEL KASAP

Претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска Давор Бернардиќ денеска поднесе оставка по изборниот дебакл на Рестарт коалицијата на таа опозициска патија.

Бернардиќ на прес-конференција, по седницата на Претседателството на СДП, рече дека за лидер на партијата ќе бидат распишани избори и дека тој нема да се кандидира.

– До изборите, вршител на должноста претседател на СДП ќе биде Златко Комадина, рече Бернардиќ.

Според се уште неофицијалните резултати од изборите, коалицијата „Рестарт” освои 41 место во хрватскиот парламент, иако предизборните анкети укажуваа дека ќе биде релативен победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот