Берлускони со Монца сака да ги освои Серија А и Лигата на шампионите

Сопственикот на Монца, Силвио Берлускони/Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Сопственикот на Монца, Силвио Берлускони изјави дека со тој фудбалски клуб сака да го освои Скудетото и Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Монца синоќа обезбедија пласман во Серија А откако во плеј-офот по продолженијата ја совладаа Пиза со резултат 4:3.

– Мислевме дека ќе успееме и минатата година, но немавме среќа. Овој пат се боревме цела сезона. Не беше лесно, но успеавме и сега сме во Серија А – рече Берлускони за „Скај Спорт Италија“.

Монца е основана во 1912 година, банкротираше во 2016 година и мораше повторно да започне од аматерската лига. Две години подоцна клубот го купи поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони и под негово водство клубот за првпат во својата историја ќе игра во најсилната италијанска лига.

Сумирајќи ја штотуку завршената сезона, Берлускони истакна дека е исклучително позитивна.

– Бидејќи сега сме во Серија А, сега сакам да го освоме Скудетото, да се квалификуваме за Лигата на шампионите, а потоа и да ја освоиме. Навикнат сум да победувам. Ова беше извонредна година со добри резултати за моето срце – Милан стана шампион, а Монца се пласираше во Серија А – вели Берлускони.

Во 31 година Берлускони со Милан освои 29 титули, вклучувајќи осум во Серија А и пет во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот