Берлускони „се враќа од (политички) мртвите“, на 85 години го избраа за сенатор

Силвио Берлускони EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Силвио Берлускони, лидерот на централнодесничарската партија „Форца Италија“, успеа да освои место во италијанскиот Сенат на вчерашните избори.

85-годишиот бизнис-магнат и политичар е избран во Монца, централна Италија, каде го поседува локалниот фудбалски тим.

Станува збор за негова деветта изборна кампања. За неа, тој се активира и на ТикТок, каде собра 600.000 следбеници, во обид да ги анимира младите гласачи.

Пред девет години, Берлускони беше осуден за фискална измама, а дел од казната беше одредено време да не може да се кандидира на избори. Казната истече во 2018 година.

Берлускони, кој четирипати беше премиер на Италија, неодамна имаше здравствени проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот