Берлускони: Сè ме болеше, се плашев дека нема да преживеам

Силвио Берлускони/ Фото: EPA-EFE/MATTEO CORNER

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска во интервју рече дека се плашел дека ќе умре од ковид-19 и дека сè уште се чувствува многу уморен и исцрпен.

-Сè ме болеше, не можев да бидам во иста позиција повеќе од една минута. Се плашев дека нема да преживеам – изјави Берлускони (83) за„ Кориере дела сера “.

Берлускони помина повеќе од една недела во болницата Сан Рафаеле во Милано, каде му била дијагностицирана пневмонија поврзана со ковид-19. Тој беше пуштен во понеделникот и заздравувањето го продолжува дома.

„Првите денови во болницата се плашев за својот живот, да“, рече тој. „Мојот совет до сите пациенти е: не попуштајте, никогаш не губете надеж дека ќе се опоравите. Ковидот може да биде поразен “.

„Се чувствувам многу уморно, истоштено. Таков е ковидот. Но, успеав да го надминам тој тежок предизвик и затоа сум среќен“.

Тој потврди дека дел од неговото семејство, вклучително и внуците, биле заразени, но немале сериозни симптоми и сите се опоравувале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот