Берлускони примен во болница во Милано поради компликации со Ковид-19

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (83) е примен во болница во Милано поради компликации од инфекцијата со коронавирусот. Неговата здравствена состојба не е загрижувачка, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на извори во партијата „Форца Италија”.

Личниот лекар на Берлускони, Албето Зангрлио, во средата објави дека „тој е позитивен на Ковид-19, дека случајот е асимптоматски, и дека е во неговата вила во Милано во која ќе остане таму 14 дена во карантин“.

Берлускони за време на пикот на пандемијата на Ковид-19 беше во својата куќа во Ница, Франција, а дел од одморот го мина на Сардинија во друштво на Флавија Бријаторе, сопственик на тамошната дискотека „Милионер”, омилено место на ексклузивните гости на островот.

Бријаторе, кој најави дека ќе ја тужи владата за најавата за затворање на дискотеки, беше заразен како и повеќето од неговите вработени, но и голем број гости. Веднаш штом беше објавено дека е позитивен на Ковид-19, превентивно се тестира и Берлускони чиј првичен тест беше негативе, за повторениот сега да покаже позитивни резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот