Берлускони повторно заврши во болница

Силвио Берлускони / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Бившиот премиер на Италија, Силвио Берлускони е хоспитализиран заради медицински прегледи, потврдија денеска два извори од неговата партија „Форца Италија“.

Берлускони треба да помине медицински проверки откако во септември минатата година прележа ковид-19, пренесува Ројтерс.

Претходно, на крајот од март тој беше во болница на рутинска контрола.

Бившиот премиер во 2016 година имаше хируршки зафат на срцето, а закрепна и од тумор на простатата.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот