Берлускони повторно хоспитализиран, пренесен во болницата во Милано

Силвио Берлускони/ Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони синоќа бил примен во болницата Сан Рафаело во Милано, пренесува Ројтерс.

Изворите не наведуваат во каква состојба се наоѓа Берлускони моментално.

Берлускони (84) по последнава година неколку пати беше примен и пуштен од болниците откако беше заразен со коронавирусот. Тој за претходните инфекции изјави дека биле „најопасниот предизвик“ во неговиот живот.

Тој во мај годинава 5 дена беше хоспитализиран во истата болница Сан Рафаело.

Силвио Берлускони е тешко болен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот