Берлускони има големи планови, ги носи Дибала и Икарди во Монца?!

Силвио Берлускони/ Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Поранешниот сопственик на Милан и премиер на Италија, Силвио Берлускони, сега е сопственик на Монца и за следната сезона има големи планови бидејќи ќе игра во Серија А.
Берлускони заедно со неговиот долгогодишен соработник, Адријано Галијани направија план со кој планираат да ги ангажираат Мауро Икарди и Паоло Дибала во Монца, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Берлускони вчера имал разговор со Ванда Нара, сопругата и агент на Икарди, кој беше отпишан во ПСЖ и се очекува наскоро да го напушти Париз и да се врати во Италија.

Високо на листата на желби на Берлускони се наоѓа и Пауло Дибала кој го напушти Јувентус и моментално е без клуб. Како можна дестинација се споменува Интер, но доколку не успее да се договори со „нераѕурите“, тогаш Берлускони ќе се обиде да го донесе во Монца со што новиот член во Серија А сигурно би се борел за пласман во европските купови, а не да мисли на опстанокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот