Берлускони го враќа фудбалерот од пензија кој сега е милијардер

Имам доволно пари да го купам твојот Ливерпул и потоа да се продадам – му рекол Фламини на Емре Чан по еден нивен дуел.

Поранешниот француски репрезентативец Матие Фламини може да му се врати на фудбалот откако минатата година се пензионира.

Екс фудбалерот на Арсенал и на Милан, се наоѓа пред договор со екипата на Монца која игра во Серија Б. Сопственик на Монца е поранешниот газда на Милан, Силвио Берлускони, додека десна рака му е Адријано Галијани кој истата функција ја извршуваше три децении и во Милан.
Со нив имам одличен однос. Би било убаво со Монца да избориме пласман во Серија А – изјави Фламини кој призна дека сериозно размислува да се врати на терените.

Едно е сигурно во случајот на Фламини, тој не би се вратил на фудбалот поради финансиски причини бидејќи тој има свој бизнис и веќе е милијардер.
Пред 11. години Фламини вложи милион евра и ја основа компанијата ГФ Биохемикалс која произведува продукти што може да ја заменат нафтата. Компанијата сега  има повеќе од 400 вработени, а нејзината вредност се проценува на повеќе од 20 милијарди фунти.

Прочитајте и...  Фудбалскиот свет се простува од големиот Диего, меѓу нив и Пеле: Еден ден заедно ќе ја шутираме топката горе на небото

Интересна анегдота за богатството на фудбалерот е случајот со Емре Чан. Имено, Фламини кога го носел дресот дресот на Арсенал, Чан кој тогаш играл за Ливерпул му рекол дека одиграл многу лошо во меѓусебниот дуел.
Одговорот на Фламини бил неверојатен:
„Имам доволно пари да го купам твојот Ливерпул и потоа да се продадам“.

Поврзани вести

Последната фотографија на Марадона: Ја преживеа операцијата на главата но го издаде срцето

Слободен печат

Вардар без шанси против Киелце

Слободен печат

ВИДЕО: Неапол тагува за својот херој и идол: Муралот на Диего „гори“ во тишина

Слободен печат

Не сум комунист, туку Фиделист: Марадона почина на ист ден како и на политичарот на кој му се воодушевуваше

Слободен печат

Стадионот на Наполи ќе се преименува во Диего Марадона?

Слободен печат

ВИДЕО: Шест минути емоции, Марадона во една песна го опиша својот живот

Слободен печат

Остави Коментар