Берлускони го „украде“ македонскиот фудбалски талент Станковски!

фото: ФК Работнички

Суперталентираниот фудбалер на Работнички, Лука Станковски (18), од јуни кариерата ќе ја продолжи во Италија, негов следен клуб ќе биде Монца.

Раководствата на двата клуба ги договорија сите детали за трансферот што треба да се случи во летниот преоден рок. 

– Горди сме што може да објавиме дека еден од најталентираните македонски фудбалери Лука Станковски од јуни кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот клуб Монца. Двата клуба ги договорија деталите за трансферот што треба да се реализира во летниот преоден рок. Можам да кажам дека имаше многу понуди за Лука Станковски, но донесовме заедничка одлука со фудбалерот и со неговите родители, Монца да биде идниот клуб, каде ќе продолжи да се развива и да се надградува. Среќни сме што Работнички успешно ја продолжува стратегијата за реализација на трансфери на млади и талентирани фудбалери во странство и горди што во еден исклучително тежок период на глобална пандемија на коронавирусот, Работнички оствари два трансфери, Давид Тошевски во Ростов и Лука Станковски во Монца – изјави претседателот Драган Поповски.

Лука Станковски до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Работнички, а потоа ќе биде промовиран во редовите на Монца. Тој во првиот дел од сезоната постигна седум гола и беше четврти стрелец во првенството на Македонија. Претходно се шпекулираше дека Станковски би можел да направи трансфер во турскиот гигант Фенербахче.

Неговиот пат треба да го следат и други млади фудбалери на клубот, Димитар Тодоровски, Методи Максимов, Ристе Јанков, Марио Станковски, Марјан Ристовски..

Станковски моментно е дел од мини тренинг кампот на селекторот Игор Ангеловски кој е во потрага по нови македонски репрезентативци.

Монца е во сопственост на легендарниот Силвио Берлускони, неговата екипа се бори за влез во Серија А. Во Серија Б се наоѓа на третата позиција со 39 бодови, колку што има и Читадела на второто место, а водечки е Емполи (44).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот