Берлускони го „провоцира“ Милан пред дербито со Интер

twitter.com/calciomercato_m

Овие неколку години Милан имаше тешки моменти на резултатски план, но човекот кој три децении ја водеше екипата и се освои секој можен трофеј, почна да провоцира истакнувајќи дека клубот од „Сан Сиро“ повеќе не личи на себе.

Потсетување дека Силвио Берлускони (82) е сега газда на Монца која настапува во Серија „Ц“ и според тамошните медиуми се најавува како еден сериозен „проект“.

– Доколку утре го победиме Леко за првпат во историјата на Монца ќе ја отвориме сезоната со пет победи во низа. Веќе зборував со претседателот на Милан и му предложив да организираме пријателски натпревар. Ние би победиле со 3:0. Секој кој ја видел играта на Монца бил одушевен – рече Берлускони.

Денеска од 20.45 часот во италијанската Серија „А“ ќе се игра најинтересниот натпревар од четвртото коло помеѓу миланските лути ривали. На табелата моментно Интер води со максимални девет бодови, три повеќе од Милан кој е на седмата позиција.

Денеска освен пресметката помеѓу „росонерите“ и „неро-аѕурите“, имаме уште две средби од новата рунда, Удинезе на нашиот Несторовски е домаќин на Бреша, а бранителот на титулата Јувентус ја има фаворитската улога против Верона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот