Берлускони: Го преживеав најопасниот животен предизвик

epa08668072 Former Italian Prime Minister Silvio Berlusconi (C) leaves San Raffaele hospital in Milan, Italy, 14 September 2020. Berlusconi said suffering from COVID-19 was 'the most dangerous ordeal of my life'. He was hospitalized on 04 September with COVID-related bilateral pneumonia. EPA-EFE/ANDREA FASANI

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска ја напушти болницата откако се опорави од коронавирусот, велејќи дека го преживеал „најопасниот предизвик” во животот.

Со задоволство си реков – повторно се извлече, им рече насмеаниот Берлускони на новинарите пред вратата на болницата „Сан Рафаел”во Милано, каде што беше примен на 3 септември откако му беше дијагностициран Ковид-19.

Неговиот личен лекар, Алберто Зангрило, минатата недела изјави дека 83-годишниот медиумски тајкун развил пневмонија и се сметал за пациент со висок ризик поради неговата возраст и постоечката медицинска состојба, која вклучува проблеми со срцето.

Зангрило рече дека Берлускони ќе умрел ако се соочел со истите симптоми во март и април, но лекарите научија многу од првичната појава на коронавирусот и сега се подобро опремени за борба против болеста.

Се верува дека Берлускони се заразил додека бил на одмор во својата вила на Сардинија.

– Секој од нас е изложен на ризик да зарази други. Го повторувам мојот повик за максимална одговорност од сите, рече Берлускони. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот