Берлускони е заразен со коронавирус

Силвио Берлускони/ Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е заразен со коронаворус, јави АФП.

Тестот за присуство на Ковид-19 во организмот на лидерот на „Форца Италија”, 83-годишниот Берлускони, бил позитивен, наведува француската агенција.

Оваа вест ја потврди личниот доктор на ексцентричниот Берлускони, Алберто Зангрило.

Силвио Берлускони / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Поранешниот сопственик на Милан нема и не чувствува никакви симптоми на ковид-19, но се наоѓа во самоизолација.

Тој беше тестиран на коронавирус бидејќи неодамна беше на Сардинија која стана ново жариште на вирусот во Италија.

Поранешниот италијански премиер кон крајот на месецов ќе наполни 84 години и без разлика на тоа што нема симптоми, влегува во ризичната група токму поради возраста.

Силвио Берлускони повеќе од 30 години беше сопственик на Милан, а сега е прв човек на екипата на Монца која оваа сезона избори пласман во Серија Б.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот