Берлин забрани да се истакнуваат руски и украински знамиња за Денот на победата

Руско и украинско знаме/ Фото: ЕПА

Знамињата на Русија, Украин и на самопрогласените проруски „републики“ Доњецк и Луганск, како и руските воени симболи „З“ и „В“ се забранети за истакнување во Берлин за време на одбележувањето на победата на сојузниците против Германија во Втората светска војна, соопшти берлинската полиција.

Амбасадорот на Украина во Германија, Андриј Мелник, е бесен поради забраната, за која рече дека на ист начин ги третира жртвата и агресорот во руската инвазија на Украина.

– Шокирани сме од фактот што берлинската полиција забрани истакнување на украински знамиња на 8 и 9 мај. Тоа е шлаканица за Украина и украинскиот народ“, рече Мелник.

Русите, да потсетиме, победата над нацистичка Германија ја слават на 9 мај, додека оваа годишнина во Западна Европа се слави на 8 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот