Берлин: Мигрантите ќе се интегрираат во своите земји пред да дојдат

Со тоа меѓу другото сакаме да спречиме создавање погрешни очекувања од животот во Германија“, кажа Видман Мауц.

По состанокот на германската влада, комесарката за интеграција Анет Видман Мауц соопшти дека е прифатен дел од „Националниот акциски план за интеграција“ и наведе дека и пред доселувањето треба да се постават насоки за интеграцијата по пристигнувањето во Германија.

Акцискиот план предвидува мерки за интеграција на идните доселеници кои би почнале во земјите на потекло, а кои пред сѐ се однесуваат на учење на германскиот јазик и детално информирање за животот во Германија.

– Со тоа меѓу другото сакаме да спречиме создавање погрешни очекувања од животот во Германија“, кажа Видман Мауц.

Донесувањето на националниот акциски план за интеграција е дел од подготовките за воведување на законот за доселување на квалификувани работници кој стапува на сила на 1 март оваа година, кој првпат по подолго време ќе овозможи системско доселување експерти и квалификувани работници од земјите кои не се членки на Европската Унија.

Партијата Алтернатива за Германија (АфД) веќе ги критикуваше намерите на канцеларката Ангела Меркел да ја претвори Германија во доселеничка земја и со тоа да ги влоши сегашните проблеми.

– Она од што Германија уште сега пати се создавањето паралелни општества, детските бракови, криминалните кланови, убиства од чест и недозволени услови во школите, а тоа дополнително ќе се влоши“, соопшти една од лидерките на АфД, Беатрикс фон Шторх.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот