Берлин ги повлекува војниците кои во Ирак се бореа против Исламска држава

Околу 30 војници стационирани во Багдад и градот Таџи ќе бидат преместени во Јордан и Кувајт и повлекувањето ќе почне многу брзо, изјави портпарол на Министерството.

Германија ќе повлече дел од својот воен контингент стациониран во Ирак што е дел од коалицијата за борба против ИД, според Министерството за одбрана во Берлин.

– Околу 30 војници стационирани во Багдад и градот Таџи ќе бидат преместени во Јордан и Кувајт и повлекувањето ќе почне многу брзо, изјави портпарол на Министерството.

Заклучно со мај 2019 година, Германија има 160 војници распоредени во Ирак како дел од коалицијата против ИД. Нивните должности вклучуваат главно обука на ирачките безбедносни сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот