Беркан Имери именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје

Беркан Имери / Фото: Халкбанк

Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на НО на осигурителната компанија. Имери во Халк Осигурување е од јануари 2019 година, а воедно над 10 години работи и во Халкбанк АД Скопје на различни позиции, меѓу кои и Директор на секторот за управување и планирање на финансии и Директор на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа.

Халк Осигурување работи во секторот на неживотно осигурување и на нашиот пазар е присутна од 2007 година. Компанијата е во целосна сопственост на Халкбанк АД Скопје која во јануари 2019 година преку Македонската берза за хартии од вредност откупи 100% од акциите на Нова Осигурување АД Скопје.

Новиот претседател на НО, Беркан Имери е присутен во компанијата од стартот на нејзината работа под новиот бренд Халк Осигурување. Компанијата, чие седиште е во Скопје, преку свои подружници во 20-тина градови, делува на територијата на целата земја, а услугите на Халк Осигурување се нудат и преку многубројни брокерски друштва, лиценцирани застапници и голем број туристички компании.


Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот