Бериша: Трoјката Вучиќ-Тачи-Рама го сакаат Харадинај во затвор

Газета Експрес

Поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, зборуваше за оставката на Рамуш Харадинај од функцијата премиер на Косово, по поканата од Специјалниот суд за да биде испрашан во Хаг како осомничен.

Бериша рече дека нема да се занимава со оние кои прават заговори за тоа кој би можел да биде зад таквиот повик на Специјалниот суд, туку вели дека ќе зборува за факти кои се многу јасни.
Според него, Рамуш Харадинај го сакаат зад решетки, тројката Вучиќ-Тачи-Рама, и Батон Хаџиу, на кого поранешниот албански премиер му се обраќа како “Батон Станишиќ”, пишува Газета Експрес.

– Најзаинтересираните луѓе за да го видат Рамуш Харадинај зад решетки, биле големосрпскиот претседател Вучиќ и албанскоговорната албанофобска тројка Зографи Блис, албанскоговорникот Миладин и Батон Станишиќ – изјавил Бериша.

Поранешниот лидер на Демократската партија изјавуајќи за Би-Би-Си вели дека Харадинај би можел да бил поканет од Специјалниот суд откако Белград неодамна испратил досие во Хаг. Во меѓувреме, според него, останува да се види дали во тоа досие имаат вмешаност и албанската тројка, Тачи-Рама-Хаџиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот